Адел се разведува, се огласи нејзиниот портпарол

Британската поп пејачка Адел се разведува од сопругот Сајмон Конецки, со кој беше во врска од 2011 година.
-Адел и нејзиниот партнер се разведуваат. Тие се посветени на нивниот заеднички син.

Како и секогаш замолуваат за приватност. Нема да даваат изјави по тој повод, изјави портпаролот на Адел.
Адел и Конецки се запознаа во 2011 година, а една година подоцна го добијат синот. Тие тајно се венчаа во 2016 година.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.