Известувала дека Турција ги снабдува терористите со оружје и починала во неразјаснети околности?!

Последната новинарка што работеше на слично истражување, Серена Шим на Прес ТВ, загина во сè уште неразјаснети и сомнителни околности.Шим известуваше за пратки на оружје на североистокот на Сирија, што го привлече вниманието на турските разузнавачки (МИТ), кои се распрашувале за нејзините престојувалишта поради сомнежи дека се занимава со шпионажа. Новинарката јавно изразила загриженост поради надзорот.
Новинарката наводно поседувала видеоснимки што докажуваат дека во пратките со хуманитарна помош се крие оружје, но доказите не биле најдени по нејзината смрт. Турските власти не ги вратиле нејзиниот пасош и венчалниот прстен на нејзиното семејство.
Шим и снимателката Џуди Ајришм загинаа во директен судир со камион минатиот октомври, откако нивниот автомобилот „скршнал на спротивната страна на коловозот на патот за пристап до автопатот“. Од тогашните извештаи не е јасно дали тие загинале на лице место на несреќата или подоцна во две различни болници меѓусебно оддалечени 40-тина километри. Истрагата не ја спровела полицијата, туку турската војска.
Една недела откако Чан Дундар, извршниот директор на турскиот весник Џумхуриет доби награда за слобода на печатот, тој и уште еден уредник на весникот се уапсени и затворени поради шпионажа откако објавиле спорен извештај кој разоткрива дека турски разузнавачи со оружје снабдуваат екстремистички бунтовници во Сирија.
„Ние сме уапсени“, објави минатиот четврток Дундар на Твитер и додал: „Не грижете се, тоа за нас е како орден на честа“.
„Ние сме обвинети за „шпионажа“. Претседателот вика „предавство“. Ние сме предавници, шпиони или херои; ние сме новинари. Ова што овде го направивме е чин на новинарство“, објасни Дундар пред минатонеделното сведочење.Шим известуваше за пратки на оружје на североистокот на Сирија, што го привлече вниманието на турските разузнавачки (МИТ), кои се распрашувале за н

Пронајдете не на следниве мрежи: