На жените во Шри Ланка им е забрането во јавност да го покриваат лицето

По самоубиствените бомбашки напади од страна на милитантната група Исламска држава во кои загинаа најмалку 250 луѓе, а стотици беа повредени властите во Шри Ланка им забранија на жените да го покриваат лицето во јавност.
Со закон за вонредни состојби е воведена мерката, која од денес стапува на сила. Ниџабот и бурката, кои ги носат муслиманските жени со цел да го покријат нивното лице не се конкретно спомнати во наредбата на претседателот, соопшти неговиот кабинетот. Хјумант Рајтс Воч ја осуди забраната.

Пронајдете не на следниве мрежи: