Во германскиот град Хамбург автомобил со полна брзина удри во трговски центар, јавуваат локални медиуми. Девет лица се пренесени во болница, пишува “Хамбургер абендблата“. Зградата на трговскиот центар е евакуирана, а полицијата соопшти дека станува збор за незгода. Повозрасен маж во обид да го паркира возилото изгубил контрола и низ излогот влегол во трговскиот центар, наведуваат локалните медиуми.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.