Српскиот државјанин 29- годишниот Слободан И. доцна синоќа предизвикал страотна сообраќајна несреќа на автопат во Германија, јавуваат германските медиуми. Тој со автомобилот удрил во друг автомобил кој се движел пред него, бидејќи не забележал дека патот се стеснува и од три се стеснува на две ленти.
Откако удрил во автомобил марка “Форд“ тој летал 180 местри, па се превртел на покрив. Возачот на “Фордот“ загинал на лице место, додека сопатниците се тешко повредени.