Речиси е невозможно во денешно време да замислите живот без дезодоранс и антиперспирант, посебно во летните месеци кога многумина се борат со непријатниот мирис на потта. Дезодорансите се борат со непријатните мириси и ги прикриваат, додека пак антиперспирантите го блокираат потењето.
Иако ги потиснуваат непријатните мириси и го ублажуваат потењето, дезодорансите не ги отстрануваат нечистотиите и бактериите од кожата.
Редовното туширање или капење не го намалуваат делувањето на дезодорансот по вашата кожа, па затоа доволно е да се нанесе на кожата секој втор или трет ден, посебно доколку кожата ви е чувствителна. Заблуда е и тоа што некои луѓе не се потат – сите се потат, само што некои имаат природно послаб мирис.

Веројатно веќе сте го слушнале предупредувањето дека треба да го избегнуваме дезодорансот или пак антиперспирантите кои соджат алуминиум, односно алуминиумска сол, како што се алуминиум-хлоридот и алуминиум-хлорхидрат, затоа што некои истражувања ги поврзуваат со рак на дојките и Алцхајмерова болес.
Иако многу од луѓето ги користат дезодорансите и антиперспирантите наизменично, тие не се иста работа. Едноставно кажано, дезодорансите помагаат во блокирањето на мирисите на телото, но не го спречуваат потењето. Антиперспирантите обично содржат алуминиум кој ги блокира потните жлезди и го намалуваат лачењето на потта, објаснува дерматологот д-р Форум Пател.
Од друга страна, дезодорансот обично не содржи алуминиум. Наместо тоа, тој делува во прикривањето на мирисот.
„Сите имаме алуминиум во нашето тело“ – објаснува дерматологот д-р Шариз Долитски.
„Го има во водата, храната, приборот за јадење, козметиката… Но не постојат докази кои покажуваат дека најголемите количини на алуминиум се апсорбираат преку дезодорансите и антиперспирантите“ – објаснува д-р Долитски.



