ВИДЕО: Авион во пламен се СРУШИ кај турско-сиријската граница!

Приватна турска телевизија Хабертурк објави видео снимка на која се гледа како еден борбен авион во пламен се урнува во близина на границата.
Турција денеска собори воен авион од непознато потекло, кој го повреди нејзиниот воздушен простор на границата со Сирија, јавуваат локалните медиуми, повикувајќи се на воените извори.
Турскиот премиер Ахмет Давутоглу разговарал со началникот на Генерал штабот на турската војска и министерот за надворешни работи за развојот на случувањата на границат ана Сирија, соопшти кабинетот на Давутоглу, а пренесува Ројтерс.
Тој е исто така, му нареди на Министерството за надворешни работи да се консултира со НАТО, ОН и релевантните земји во врска со случувањата на границата со Сирија.
Неименуван турски воен претставник изјави дека турските авиони Ф16 го собориле авионот, посочувајќи дека за сега не знае која земја е во сопственост на авионот и дека се работи на одредување на фактите, пренесоа светските новински агенции.
Воените извори наведуваат и дека авионот бил предупреден пред да биде соборен.
Авионот експлодирал во воздух и во пламен паднал на планината Туркмен на сириската страна од границата, јавува телевизијата Си-Ен-Ен Турк и НТВ.
На снимката која ја објави агенцијата Анадолија се гледа како два пилота со падобрани се спуштаат од срушениот авион.

Пронајдете не на следниве мрежи: