ЗАПАД го МОЛИ Путин за ПОМОШ во борбата против ЏИХАДИСТИТЕ!

Дали е на повидок за прв пат после Втората светска војна, создавање на сојуз на големи сили? Оланд во Вашингтон и Москва договараат ново партнерство.
 Терористичките напади во истиот месец на двајцата членови во Советот за безбедност на ОН, Русија и Франција, речиси преку ноќ ги сложија новите „коцки“ во односите помеѓу големите сили. Страдањето на цивилите во рускиот патнички авион и тоа што се случи на улиците во Париз, како и со закана од терористите за напад на други светски метрополи, тие се сретнаа со истата судбина, по прв пат после Втората светска војна, на иста страна, Париз, Вашингтон и Москва. Коалицијата се` уште не е формирана, но се поставени темелите.
По отворениот повик на францускиот претседател Франсоа Оланд за создавање сојузништва против Исламската држава, Париз во петокот на Советот за безбедност на ОН, поднесе нацрт резолуција со повик земјите членки „да ги засилат и координираат напорите за спречување и сузбивање на терористиките напади кои ги подготвува Исламската држава“ и групата поврзана со Ал Каеда. Оланд и генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун се засегнаа за итно остварување на антитерористичката резолуција.
Колку Франција остава надеж во коалицијата, сведочат и претстојните негови посети во Вашингтон и Москва. Темата е само една – поврзување на коалицијата, со цел бркање на Исламската држава од Сирија и Ирак.
Внатре во европската фамилија поделбата е силна кога се работи за воен ангажман на ЕУ. Италија се противи, Британија е воздржана, додека германскиот печат пишува дека Ангела Меркел не сака да стане воен канцелар.
Некои аналитичари, повторно го истражуваат скептицизмот во врска со Русија. Од Русија кажуваат дека се` уште не стигнуваат сигнали на одрекување од сирискиот претседател Башар ал Асад, додека САД, со сите комплименти од Москва, инсистираат и понатаму на неговото заминување.
Настаните на теренот, меѓу другото, најавуваат поинаков тек. Францускиот шеф на државата не се повикал на членот 5 од договорот за Северноатлантскиот пакт, кој предвидува заеднички одговор во случај на напад на земја – членка, како што тоа го направи Вашингтон по терористичкиот напад на 11ти септември, со цел воено да се инвестира во Авганистан. Главната порака на НАТО повеќе не е да се спротистави на зајакнувањето на руската воена сила, туку Москва да одигра конструктивна улога во мултилатерално решение на сириската криза.
– Го поздравувам потегот кој Русија го посеа за преговарање, што за многу други земји ќе наиде на политичкото решение – рече генералниот секретар на НАТО, Јанс Столтенберг.
Ниту односите на поранешните  непријатели не се повеќе стегнати. Претседателот на Русија, Владимир Путин во вторникот им наредил на своите сили да направат заеднички оперативен план со командата на францускиот носач на авиони „Шарл де Гол“, кој се приближува  до сирискиот брег. Инаку, Оланд се состанал со рускиот претседател во Москва, по консултација со Обама во Вашингтон.
Знаци на попуштање има и од Брисел, од каде шефот на Европската комисија Жан Клод Јункер, испрати писмо до Путин, во кој најави дека би можело да дојде до поблиски трговски односи помеѓу ЕУ и Евроазиската економска унија, предводена од Русија, имајќи предвид  на напредокот во споредувањето со примирјето во Украина.
Дури до средината на јули, шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, најави дека договорот за иранската нуклеарна програма помеѓу Техеран и големите сили овозможува да се отстранат „пречките“ за формирање на „голема коалиција“ против Исламската држава. Пред некој ден, неговиот американски колега Џон Кери соопшти дека решавањето на кризата во Сирија е „прашање на неделата“ и ја поздрави соработката со Русија.
Минатата недела руските и американските сили за прв пат ги разменија воените информации за време на воздушните напади против Исламската држава во Сирија. Истовремено, Франција и Русија започнаа серија на казнени напади во Сирија, која вклучуваше и прва употреба на руски бомбардери со голем дострел.
Штрахе: Да се стави крај на санкциите против Русија
Лидеот на Партијата на слободата на Австрија (FPO) Хајнц Кристијан Штрах, во саботата побара итно укинување на санкциите на ЕУ против Русија, како и продлабочување во соработката со Москва во борбата против тероризмот.
Тој во соопштението укажува дека во почетокот на санкциите против Русија, во март минатата година, предупредувал на економски и политички последици.
„Сега кога Русија заедно со Франција водат борба против тероризмот, апсурдно е да се има санкции“, смета Штрахе.
Тој потсети дека на земјите –членки  во ЕУ им се потребни, пред се`, нафтата и гасот, додека пак, на Русите им се неопходни западните машини и автомобилите.Терористичките напади во истиот месец на двајцата членови во Советот за безбедност на ОН, Русија и Франција, речиси преку ноќ ги сложија новите &bd

Пронајдете не на следниве мрежи: