Со векови наназад во близината на манастирот Острог се случувале чудни и мистериозни работи, кои верниците му ги припишуваат на чудотворецот Свети Василиј Острошки.
Верници кои од Македонија се упатиле кон манастирот останале во шок откако на патот кон Острог здогледале необична светлина, за која веруваат дека е духот на Свети Василиј.
Во описот на снимката тие напишале дека необичната светлина се гледа само на видео-снимката и низ камерата на мобилниот телефон.
Македонец на својот пат до Острог ја забележал оваа мистериозна светлина која се движи и го следи автомобилот во чекор.