Денес Центарот за јавно здравје од Охрид предупреди дека водата од Билјанини извори не е безбедна за пиење. Последните физичко-хемиски анализи на водата од изворите спроведени денес покажале присуство на патогени бактерии, па затоа водата е биолошки неисправна и не е здравствено безбедна за пиење.
Наодите се доставени до соодветните инспекциски служби за натамошно постапување. Од Центарот за јавно здравје наведуваат дека состојбата околу квалитетот на водата од Билјанини извори се следи во континуитет, а јавноста ќе биде благовремено известувана.