Денес на пладне на плоштадот „Македонија“ ќе се одржи традиционалната манифестација „Матурска парада 2019“, на која ќе учествуваат околу 1.000 матуранти од Скопје. Традиционално на „Матурската парада“ матурантите танцуваат квадрил. Освен во Скопје, парада на матуранти ќе има и во други градови низ земјава.
Парадата на матурантите почна да се организира во 2001 година во Љубљана, а кај нас за првпат се одржа во 2007 година во Скопје и во Охрид.
Пронајдете не на следниве мрежи:


