Еве што Британците криеле од Русите: Британски авион со 189 патници за малку ќе бил погоден со ракета над Египет!

Британски авион со 189 патници за влакно избегна катастрофа во Египет пред два месеци, кога на дистанца од 300 метри покрај него поминала ракета земја-воздух, јавуваат британските медиуми.Според пишувањето на „Дејли Мирор“, пилотот морал да изведе маневар за да го избегне проектилот што поминал на помалку од 300 метри од пилотската кабина. Компанијата „Томпсон“ не им соопштила на патниците дека се наоѓале во смртна опасност, а тие тоа и не го забележале.
Инцидентот се случил на 23. август, два месеци пред уривањето на рускиот авион пришто загинаа 224 патници.
„Пилотот ја виде ракетата како оди кон авионот и веднаш започна со маневар за избегнување. Сврте налево и ракетата прелета покрај него, на 300 метри од авионот“, изјавил извор за британските медиуми.
Британските медиуми пренесуваат дека сепак се верува дека ракетата не била лансирана од страна на исламисти, туку дека станува збор за проектил што случајно бил лансиран од страна на египетската војска која во тој реон имала воени вежби.
Сепак, се поставува прашањето како сето ова е можно, со оглед на тоа дека војската строго ги координира ваквите работи со цивилното воздухопловство.Според пишувањето на „Дејли Мирор“, пилотот морал да изведе маневар за да го избегне проектилот што поминал на помалку од 300 метри од

Пронајдете не на следниве мрежи: