Бракот ги менува луѓето и психички и физички

Секоја година илјадници двојки го кажуваат судбоносното „да“, а многумина не ни знаат дека тоа ќе има долгорочни ефекти врз нивното здравје. Науката идентификува серија тенденции кои покажуваат како бракот ги менува луѓето, пишува „Сајенс алерт“.
Една од најпознатите хипотези е таа дека бракот е добар за нашата физичка и психичка состојба, веројатно зашто присуството на партнер како поткрепа навистина може да ни го направи животот помалку стресен. Но, новите истражувања покажуваат дека врската меѓу бракот, здравјето и благосостојбата, е доста посложена и носи како полза, така и одредена штета.


Имено, луѓето во брак по правило се здрави, но тоа важи, пред сѐ, за повозрасните брачни двојки, додека кај младите не се забележува подобрување на здравјето. Помладите мажи, на пример, во брак ги зголемуваат килограмите, како што (и кај мажите и кај жените) се намалува желбата за физички активности. Натаму, и кај двата пола бракот значи помала веројатност од појава на периферни артериски болести, како и на проблеми со нервниот систем, анеуризам…
Од друга страна, пак, ризикот од срцеви заболувања е повисок кај разведените и вдовиците.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.