Дали ова бебенце е клучот на мистеријата за уривањето на рускиот авион А321?

Десетмесечната Дарина Громова, можеби е клучот за решавање на мистеријата околу уривањето на рускиот „Ербас“ А321, кој се урна на Синајскиот Полуостров во Египет, при што загинаа 224 патници и членови на екипажот, пишува „Дејли меил“.Малечката Дарина од Санкт Петербург, била на одмор со родителите во Шарм ел-Шејк. Таа загина заедно со нив, но нивните тела сè уште не се пронајдени, ниту пак се идентификувани меѓу жртвите.
Пронаоѓањето на нејзиното тело ги натера истражувачите да ја прошират областа за пребарување. Тоа се очекува да доведе кон нови сознанија кои би расчистиле барем дел од сомневањата за тоа што се случувало со авионот.
Нејзиното тело било пронајдено подалеку од дијаметарот во кој биле пронајдени телата на останатите патници, што предизвикува работите подлабоко да се истражат.

Фотографијата на малечката Дарина што ја направила нејзината 26-годишна мајка на аеродромот во Санкт Петербург пред да полетаат кон Египет, стана симбол на оваа голема авионска трагедија во која загинаа 224 луѓе. Телото на Дарина вчера било испратено во Каиро, откако било пронајдено во пустинските предели на Синајскиот Полуостров.
Пронаоѓањето на нејзиното тело го потврдил и Владимир Светелски, претставник на руското министерство за вонредни ситуации, но тој нагласил дека телата на нејзините родители, 27-годишниот Алексеј и 26-годишната Татјана не се пронајдени.
Иако веќе наголемо се прошируваат информации дека дошло до експлозија во внатрешноста од авионот, веројатно поради активирана бомба, официјална Москва сѐ уште ги негира ваквите тврдења, велејќи дека станува збор за техничка грешка.Малечката Дарина од Санкт Петербург, била на одмор со родителите во Шарм ел-Шејк. Таа загина заедно со нив, но нивните тела сè уште не се пр

Пронајдете не на следниве мрежи: