Американски генерал ЈА РАЗБРАНИ ЈАВНОСТА: Ова е нашата најголема закана!

Главниот американски генерал Марк Мили, ја нарече Русија дека е „агресивна и непријателски настроена кон интересите на САД“, тврдејќи дека поседувањето на нуклеарно оружје и можноста за негова употреба претставува најголема опасност за Америка.„Русија е единствена земја во светот која има моќ за нуклеарно уништување на САД, што ја прави да претставува егзистенцијална закана“ – изјавил Мили на самитот за одбрана во Вашингтон, во понеделникот.
Најновото однесување на Москва сугерира дека Русија е подготвена и да го употреби тоа оружје, додал американскиот генерал и истакнал дека Русија го прекршува „Вестфалскиот мир“ уште од 2008 година и тоа со инвазиите на суверените држави.
Две недели пред неговото именување во Сенатот, истите реченици ги изговорил и генераот Џејмс Данфорд.
„Би рекол дека скорешното однесување на Русија е непријателски настроено кон американските интереси“ – порачал Мили, цитирајќи ги во таа смисла „агресивните“ вежби и патроли на руските борбени авиони, подморници и војска во последните „четири, пет, шест, седум“ години.
Но, кога бил запрашан дали тоа значи дека Русија треба да се третира како непријател, Мили се послужил со поинаква тактика. На прашањето дали американската војска би можела да ја порази руската во војна на копно, Мили заборавил на својата поента за нуклеарното оружје на Русија.
„Нашите денешни сили имаат и повеќе од доволно способности да се носат со сѐ што Русија го има“ – заклучил тој.
Дали има вистина во неговата изјава или пак станува збор за провокации, зборува фактот дека неговите зборови претставувале само обид за заплашување на јавноста.„Русија е единствена земја во светот која има моќ за нуклеарно уништување на САД, што ја прави да претставува егзистенцијална закана“ –

Пронајдете не на следниве мрежи: