Кадир е разочаран: „Подобро ми е во Ирак, отколку во негостопримливата Европа“

Сѐ повеќе ирачки Курди, кои си ги ризикуваа животите за да го поминат опасниот пат до западна Европа во потрага по подобар живот, се разочарани од европските стандарди и одлучуваат да се вратат во Ирак.За да стигне до Германија, која за него била ветена земја, Мохамед Азиз Кадир пешачел осум часа низ Турција, а потоа 20 часа се возел во пренатрупан камион преку цела југоисточна Европа, пишува „Дејли телеграф“.
Меѓутоа, Кадир сега се вратил дома во Ирак и е еден од многуте бегалци кои заклучиле дека се во опасност и дека тешкиот живот во Ирак е подобар од животот во бегалските кампови во негостопримливата Европа.
„Кога прв пат пристигнав во кампот, ме шокираше разликата помеѓу Берлин како што го замислував и оној што го видов на лице место“ – изјавил Кадир (24) и додал: „Ме третираа како граѓанин од втор ред, не се чувствував почитувано. Секогаш кога ќе дојдев во центарот на градот, беше јасно дека сум само момче од кампот – бегалец“.
Хуманитарните агенции наведуваат дека сѐ повеќе Курди се враќаат дома, додека во исто време стотици илјади Ирачани, Сиријци и Авганистанци одлучуваат да тргнат на опасното патување преку Средоземјето во Европа.
Според податоците на ирачкото Министерство за миграција, од минатата година, ирачки Курдистан го напуштија околу 25.000 луѓе. Меѓутоа, само минатата недела се вратиле 50 курдски азиланти во престолнината Ербил.
Кадир поминал два ипол месеци во бегалски камп во предградието на Берлин. Тој се надевал дека во Германија ќе отвори пицерија и дека ќе заработува доволно пари за да може да му помогне на семејството во Ербил, дека ќе се ожени и ќе основа семејство во таа земја.
Но, условите во кампот се влошувале, количината на храната била ограничена, а во кампот важеле прописи кои барале враќање во кампот во одредено време.
Покрај тоа, во Германија значително се зголеми бројот на случаи на насилство помеѓу локалното население и бегалците, како и меѓу самите бегалци.
„Поради лошата ситуација во кампот заклучив дека животот во мојата земја е подобар“ – истакнал кадир.
Слична приказна споделил и Наваф Алијас (35), кој за разлика од Кадир, дури и немал куќа во која би можел да спие.
Тој на криумчарите им платил 20.000 долари за да ги пренесат него и неговиот 10-годишен син во Германија. Кога стигнале таму, морале да делат соба со уште двајца азиланти.
„Германската влада ни обезбеди храна и 540 евра, но тоа не беше доволно. Син ми беше тажен и осамен, немаше пријатели ниту роднини, а беше тешко и да најдеме некој што зборува курдски или арапски“ – навел Алијас, кој сега повторно живее во шатор покрај курдскиот град Дохук.
„Моите во селото убаво ме дочекаа. Пријателите ни дојдоа на гости, па пиевме пиво и пушевме. Баш како во старите добри времиња“ – рекол Алијас.За да стигне до Германија, која за него била ветена земја, Мохамед Азиз Кадир пешачел осум часа низ Турција, а потоа 20 часа се возел во пренатрупа

Пронајдете не на следниве мрежи: