Во Загреб Сава се излеа од коритото

По поројните дождови во изминатите 48 часа реката Сава во Загреб се излеа од коритото, јавија хрватските медиуми. На Сава во Загреб, како и на уште неколку реки во Хрватска се воведени подготвителни мерки за одбрана од поплави.
Хрватскиот метеоролошки завод соопшти дека врнежите, кои денес се очекува да бидат рекордни за мај, ќе продолжат и во наредните денови.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.