Маскиран маж со меч влегол во шведско училиште: Убиени се две лица!

Еден професор е убиен, а четворица ученици се повредени, кога маскиран напаѓач со меч извршил напад во средно училиште во градот Тролхатен, близу Гетеборг, во југозападна Шведска.Полицијата соопшти дека напаѓачот е на возраст од околу 20­ години, а неговиот идентитет и мотиви се држат во тајност. Тој бил застрелан од полицијата, по што во критична состојба беше пренесен во болница каде што и починал.
Според шведските медиуми, ранетите ученици се на возраст од 11 до 15 години. Некои од нив се здобиле со сериозни повреди и биле подложени на хируршки зафати.
Во полициското соопштение се вели дека во времето на инцидентот во училиштето имало околу 400 ученици, по што се создала целосна конфузија. Според други информации, училиштето Кронан се опишува како „проблематично“ кога станува збор за безбедноста.
„Кога го здогледавме прв пат, мислевме дека станува збор за шега. Носеше маска, црна облека и меч. Некои ученици сакаа да се офотографираат со него“ – изјавил еден ученик.
Во еден момент, напаѓачот посегнал по мечот и одел низ училниците во потрага по жртви.Полицијата соопшти дека напаѓачот е на возраст од околу 20­ години, а неговиот идентитет и мотиви се држат во тајност. Тој бил застрелан од пол

Пронајдете не на следниве мрежи: