Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг и високи претставници на НАТО ќе пристигнат во дводневна посета на Македонија. Се очекува Столтенберг и Северноатлантскиот совет доцна попладнево да пристигнат на “Меѓународниот аеродром Скопје“ со два авиона. Прв ќе слета авионот на Столтенберг, во кој ќе бидат и шест члена на неговиот кабинет, а еден час подоцна, ќе слета и авионот со Северноатлантскиот совет, во кој ќе бидат 29 претставници на земјите членки на НАТО. Пред да дојде во Скопје Генералниот секретар на НАТО е во посета на Софија, а потоа ќе ја посети Тирана, каде што е предвидено да престојува само неколку часа.
За високите гости на аеродромот ќе има свечен пречек, по што ќе се упатат кон Собранието. Столтенберг и претставниците од Северноатланскиот совет ќе престојуваат во земјава и утре, кога ќе бидат пречекани во Владата. За време на посетата, планирани се средби со претставници на државниот врв со кои ќе разговараат за процесот на пристапување на земјава во Северноатлантската алијанса.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.