На 04.06.2019 година околу 10:15 часот во Полициската станица Крива Паланка било пријавено дека во куќа на ул. “Св. Јоаким Осоговски“, три лица физички го нападнале и извршиле разбојништво над М.А.(64) и му одзеле пари.
М.А. бил пренесен во Здравствен дом – Крива Паланка за укажување на лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.