Колумбиската поп пејачка Шакира негира пред шпанскиот суд дека затаила данок во износ од 14,5 милиони евра, објави нејзиниот менаџер.
Во текот на 75-минутното рочиште во Еспллугес де Јобредат во близина на Барселона, каде што живее, Шакира рекла дека секогаш ги исполнува сите даночни обврски кон Шпанија и други земји.
Обвинителите ја товарат дека не платила данон во износ од 14,5 милиони евра на основ остварена добивка за периодот 2011-2014.
Шакира му е сопруга на шпанскиот фудбалер Жерар Пике и тврди дека живее во Шпанија од 2015 година, а обвинителот дека од 2011 година во Каталонија поминувала повеќе од 6 месеци, па оттука и дека е даночен обврзник од 2012 година.
Со Пике е во брак од 2011 година и имаат двајца синови.
Медиумите пренесуваат дека уште пред неколку месеци се обидела да се договори со шпанските даночни служби.