НОСТАЛГИЧНИ ПО ГАДАФИ: Од симбол за луксуз, Либија стана синоним за сиромаштија

Иако беше претставен како бескрупулозен диктатор, Моамер ал Гадафи од Либија, којашто важеше за една од најсиромашните земји, создаде нација со највисок стандард во Африка.Од кога започна либиската револуција, поголемиот дел од медиумите го претставија Моамер ал Гадафи како криминалец и диктатор кој го угнетува народот.
Денес во јавноста е познато дека не беше баш сѐ онака како што тоа го прикажуваше медиумската машинерија и дека некои значајни достигнувања на Гадафи се намерно премолчени. Токму поради тоа, неколку последни истражувања покажуваат дека голем број Либијци посакуваат да се врати времето кога Гадафи бил жив.
Според системот што Гадафи го имаше развиено со доаѓањето на власт, образованието и здравствената заштита беа бесплатни во Либија. Пред неговото доаѓање на власт, само 25% од населението беше писмено. Денес, 83% од Либијците читаат и пишуваат, а 25% имаат факултетска диплома.
На Гадафи најмногу му се припишуваше дека ги крши човековите права во Либија, а малку беше познато дека наредил сѐ додека секој Либиец не добие куќа, нема ни неговото семејство да има покрив над глава. Поради овој став, таткото на Гадафи почина додека сѐ уште живееше под шатор.
Тој им излегувал во пресрет и на младенците. Така, секој млад брачен пар добивал од државата по 50.000 американски долари за купување стан и основање на семејство.
Доколку некој Либиец би посакал да се образува во странство или би му било неопходно лекување надвор од границите на земјата, би добил парична помош од државата која би ги покривала сите трошоци и уште би давала и по 2.300 американски долари за престој и превоз. Гадафи ја остави Либија без било каков надворешен долг со девизни резерви од 150 милијарда долари, кои со почетокот на револуцијата беа замрзнати ширум светот.
Секој Либиец којшто не можел да најде работа по завршувањето на образованието, добивал парична помош во висина на платата предвидена за тој вид професија. За секое родено дете, жените добивале по 5.000 американски долари.
Дел од заработените пари од продажбата на нафта – главниот артикл за извос на оваа земја, се слевал на жиро сметките на сите граѓани на Либија.
Кога Гадафи во 1969 година дојде на власт преку преврат, Либија беше една од најсиромашните земји на светот.
Пред да се најде во проблеми со востаниците, Либијците спаѓале во народите со највисок стандард во Африка. Денешната состојба во земјата е далеку од некогашниот сјај и бенефитот во кој уживаа Либијците.Од кога започна либиската револуција, поголемиот дел од медиумите го претставија Моамер ал Гадафи како криминалец и диктатор кој го угнетува народо

Пронајдете не на следниве мрежи: