Изненадени сте дека сириските бегалци имаат паметни телефони?

Вие не треба да бидете од Запад за да поседувате релативно евтино парче технологија. „Еј тие луѓе што бегаат од војната во Сирија, не се сиромашни воопшто! Погледнете сите имаат смартфони“- е само еден од многуте слични коментари односно приговори кои се шират на социјалните мрежи во последно време. Дали тоа што имаат мобилни телефони ги прави неподобни за помош во обидот да се спасат себе и своите семејства од смрт…
Површно ова може да изгледа како потрага по нешто со кое на некој начин би се објаснило променливото расположение на јавноста кон бегалците. Но тоа всушност е прилично прогресивен став. Пред само неколку дена антимиграциската бригада се жалеше дека мигрантите ги загрозуваат нашите права. А потоа тврдат дека мигрантите се богати и дека треба да им се помогне на сиромашните првенствтено. Но, во секој случај се поставува интересно прашање: Колку ние треба да бидеме изненадени што луѓето од Сирија носат паметни телефони?
Сирија не е богата земја но не е ни сиромашна, таа е рангирана како земја со „долен среден приход“ од страна на Светската банка. Во 2007 година ( последните статистики кои се достапни) Сирија имала Бруто националниот доход (БНД) по глава на жител од 1.850 долари што е повеќе од Египет во тоа време(1620 долари). Додека и употребата на мобилни телефони е слично висока во Сирија. Според  CIA World Factbook Сирија во 2014 година имала 87 мобилни телефони на 100 луѓе од населението, а Египет 110 на 100.
Во 2011 година видовме дека Египќаните направија револуција и максимално ја искористија моќта на своите паметни телефони. Со тоа се поставува уште  едно прашање, зошто сите прифаќаат дека Египет има доволно смартфони и може да направи револуција со истите, а не прифаќаат дека побогата земја не е  далеку од слична ситуација?
Па оттука знаеме дека Сирија не  е толку сиромашна земја и знаеме дека има многу мобилни телефони, но зошто смртфони? А зошто да не?
На Запад многу луѓе поседуваат лаптопи, таблети како и паметни телефони. Па ако имате доволно пари што би купиле следно? Па можеби е тешко да се сетите, но дали би поседувале нешто покорисно од паметен телефон особено ако сите бегаат од домот односно државата во која живеете?„Еј тие луѓе што бегаат од војната во Сирија, не се сиромашни воопшто! Погледнете сите имаат смартфони“- е само еден од многуте слични

Пронајдете не на следниве мрежи: