сабота, 28 ноември 2026
Најново

За непрописно паркирање во Грција од 40 до 80 евра казна

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Во Грција во последниве години полицијата ги симнува регистерските таблички од автомобилите што се погрешно паркирани. Тоа важи и за Грците и за странските државјани и туристи.
Ова вообичаено се случува во Солун, на Тасос, Халкидики, но и на островите. Казната за непрописно паркирање во Грција изнесува од 40 до 80 евра, но повеќе не постои можност да се плати половина од казната ако тоа се направи веднаш на лице место.
За странските државјани казната е симнување на регистерските таблички кои потоа се враќаат штом се плати казната. Грците, пак, може да останат без таблички и до три месеци, плус да ја платат казната.


Доколку вакво нешто му се случи на странец во текот на викендот, ќе мора да се чека до понеделник кога работат полициските станици за да му бидат вратени табличките и да ја плати казната.
Според новиот ригорозен закон што во Грција важи од лани, табличките се враќаат по плаќање на казната за непрописно планирање, а возачот добива и забрана за управување на возилото одредено време. На странските државјани забраната за управување завршува оној ден кога ќе ја напуштат територијата на Грција. Тогаш им се враќаат табличките.

Поврзани вести