Девет лица загинаа ноќеска при пад на хидроавион на Хаваи. Мал двомоторен авион од типот “Кингeр“ се срушил во близина на аеродромот Дилингам на островот Оаху, по што се запалил и целосно изгорел.
Хавајското министерство за сообраќај соопшти дека нема преживеани, загинале сите девет патници и членови на екипажот.