Времето денес во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер најчесто од североисточен правец. Минималната температура ќе се движат од 13 до 22, а максималната од 28 до 36 степени Целзиусови.
И во Скопје и околината сончево со мала локална облачност и со слаб, претежно северен ветер. Температурата ќе се движи од 20 до 34 степени.
Утре и за време на викендот ќе дува умерен до засилен северен ветер кој ќе донесе благо спуштање на температурите. Утре локално ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Од почетокот на наредната недела следува период на стабилно и доста топло време.