АМЕРИКА НА НОЗЕ: Полицаец пукал во главата на Афроамериканец!

Судот во американската сојузна држава Охајо, осомничи бел полицаец за убиство кој ја згрози јавноста откако убил Афроамериканец без некоја посериозна причина.Полицаецот Реј Тенсинг за време на редовна контрола го запрел Семјуел Дубоуз (43), во округот Хамилтон. Разговорот се претворил во помало препирање, бидејќи Дубоуз немал возачка дозвола кај себе.
Полицаецот го прашал и каде му е предната регистарска табличка, за која Дубоуз рекол дека е напред во преградата, а потоа го прашува за шишето со алкохол, за кој овој му додал да види дека не е отворено.
Потоа, полицаецот повторно побарал возачка дозвола, а возачот му одговорил дека не може да ја најде, но дека може со помош на име и презиме да провери дека ја има, па сега го прашува полицаецот зошто го сопрел. Тенсинг продолжил да го испрашува за возачката довола, па во еден момент му рекол да го одврзе појасот и да ја отвори вратата.

Campus cop indicted for killing unarmed black man #SamDubose https://t.co/xh0veQk50b @jasoncarrollcnn reports #TheLead pic.twitter.com/N9a1C7DOnP
— The Lead CNN (@TheLeadCNN) July 29, 2015

Дубоуз веднаш ја затвора вратата и го пали моторот, а полицаецот почнува да ја турка раката во возилото. Камерата се тресе и се слуша пукање – полицаецот со десната рака извлекол пиштол и му пукал на возачот во глава.
Погледнете го видеото:
Полицаецот Реј Тенсинг за време на редовна контрола го запрел Семјуел Дубоуз (43), во округот Хамилтон. Разговорот се претворил во помало препирање

Пронајдете не на следниве мрежи: