ВИСТИНСКИ ХЕРОЈ: Погледнете што направи овој полицаец за да спаси 300 деца!

Руски полицаец го ризикувал својот живот за да спречи сообраќајна несреќа во која околу 300 деца се нашле во опасност.Тој бил на чело на патролата која предводела конвој автобуси со кои се пренесувале деца.
Полицаецот го преживеал падот благодарение на чудо.
Полицаецот Александар Косолапов, дел од патролата која следела девет автобуси кои пренесувале околу 300 деца од летен камп во градот Абакан, главен град на Република Какасија во јужна Русија.
Одеднаш, автомобил со огромна брзина се упатил право кон нив од спротивната лента.
Косолапов реагирал и со својот автомобил ги заштитил автобусите во кои се наоѓале децата.
„Како резултат на масовен судар, патролно возило буквално беше претворено во куп метал. Според мислењето на експертите, чудо е што полицаецот е сѐ уште жив“ – стоеше во соопштението од полицијата.
Децата од автобусите се живи и здрави, благодарение на храбриот полицаец кој е тешко повреден. Косолапов е сега свесен и се наоѓа во стабилна состојба.
Властите покренаа кривична постапка против безобѕирниот возач, чие возење ги загрози животите на децата.Тој бил на чело на патролата која предводела конвој автобуси со кои се пренесувале деца.
Полицаецот го преживеал падот благодарение на чудо

Пронајдете не на следниве мрежи: