Во поплави во Русија тројца загинати и над 350 повредени

Три лица загинаа во поплавите во Иркутската област, a 351 се повредени меѓу кои и 33 деца, соопшти претставник на руското Министерство за вонредни состојби.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков рече дека рускиот претседател Владимир Путин е информиран за ситуацијата со поплавите, но не одговори дали планира да го посети регионот.
Поројните дождови предизвикаа поплави во Иркутската област, каде се поплавени 3.700 домови на околу 9.000 жители. Поплавите погодија 31 населба.

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи: