СЛУШНЕТЕ ГО АПЕЛОТ: Вака полицијата ги повикува мајките да го спречат заминувањето на нивните ќерки во џихад!

На британските радиостаници, овие денови се врти апел упатен кон мајките кои се сомневаат или знаат дека нивните ќерки се подготвуваат да заминат за Сирија и таму да им се придружат на џихадистите на Исламската држава.„Знаеме дека цврстата врска помеѓу мајката и ќерката може силно да влијае врз младата жена. Вие можете отворено да разговарате со својата ќерка за нејзините чувства. Можете да ги забележите промените во нејзиното однесување и да ги видите знаците коишто укажуваат на тоа дека таа би можела да отиде на местото од кое милиони очајнички настојуваат да избегаат“, вели сугестивниот женски глас обраќањето.
Ова обраќање ќе се емитува во наредните две недели на радио станиците низ Велика Британија, пренесе Global Post.
Во последните година дена, биле пријавени исчезнувања на дури 43 жени и девојки за кои се верува дека заминале во Сирија.
Инаку, целата порака на кампањата „Да спречиме трагедии“, во соработка со британската полиција, која се еимтува по радиостаниците, гласи вака:
„Не заминуваат само младите мажи за да војуваат во Сирија. Знаеме за неколку млади жени кои ги напуштија своите домови и отидоа во самиот центар на конфликтот, оставајќи ги семејствата во агонија и страв. Знаеме дека цврстата врска помеѓу мајката и ќерката може силно да влијае врз младата жена. Вие можете отворено да разговарате со својата ќерка за нејзините чувства. Можете да ги забележите промените во нејзиното однесување и да ги видите знаците коишто укажуваат на тоа дека таа би можела да отиде на местото од кое милиони очајнички настојуваат да избегаат. Со повикот на бројот 101, можете да им се обратите на стручни лица за совет и помош“.
„Знаеме дека цврстата врска помеѓу мајката и ќерката може силно да влијае врз младата жена. Вие можете отворено да разговарате со својата ќер

Пронајдете не на следниве мрежи: