Викиликс: „Освен Меркел, НСА има прислушкувано уште 69 други германски функционери“

Викиликс објави листа телефонски броеви од Германија на која, според тврдењата на тој сајт, се наоѓаат докази дека Националната агенција за безбедност (НСА) ја прислушкуваше не само државната канцеларка Ангела Меркел, туку и други високи германски функционери.Пред две години се појавија извештаи дека телефонот на Ангела Меркел беше прислушкуван од НСА, што доведе до дипломатска затегнатост на односите помеѓу Берлин и Вашингтон, но германските обвинители неодамна кренаа раце од истрагата, наведувајќи дека постои недостаток на конкретни докази.
Најновиот извештај на Викиликс, минатата недела објави документи кои, како што се чини, покажуваат дека НСА ги шпионирала француските претседатели и владата, што предизвика бес во Паирз.
Сајтот соопшти дека нова листа со 69 телефони и факсови – која делумно ја минала редактурата, се однесува на високи функционери во германските министерства.
Викиликс објави и два документи за кои тврди дека се дел од објавените разговори – еден со Ангела Меркел и друг со еден нејзин високо рангиран колега. Тие зборувале за должничката криза во Грција.
Според тврдењата на Викиликс, вториот разговор бил пресретнат од британската разузнавачка служба, која го проследила на НСА. Засега не е можно да се потврди автентичноста на документите.
Меѓутоа, германскиот лист „Зидојче цајтунг“ – кој доби пристап до документите, извести на својот сајт дека листата потекнува од периодот 2010-2012 година и дека барем некои броеви сѐ уште се во употреба.
Викиликс не наведе од каде ги доби документите. Но, сајтот има историја за објавување на доверливи американски документи, а една од соработничките на сајтот, Сара Харисон, е блиска соработничка на Едвард Сноуден, поранешен администратор во НСА кој по објавувањето на тајните документи разоткри бројни американски програми за тајно надгледување.
Германската влада засега нема коментари за најновите објави на Викиликс.Пред две години се појавија извештаи дека телефонот на Ангела Меркел беше прислушкуван од НСА, што доведе до дипломатска затегнатост на односите по

Пронајдете не на следниве мрежи: