Режимот на Кејт Мидлтон за постојано да биде во топ форма

Војвотката од Кембриџ, 37-годишната Кејт Мидлтон уште од 2011 година кога се омажи со принцот Вилијам не криеше дека за нејзината линија е заслужна диетата “Дукан“. Потоа заради бременоста мораше да го смени режимот на исхрана до кој и денес се придржува.
И по раѓањето на нејзиното трето дете Луј, војвотката од Кемриџ е вита и со тонирано тело. Трите бремености за само пет години не оставија никаква трага и не и донесоа ниту еден килограм повеќе. Всушност, малкуте килограми кои ги добиваше за време на бременостите, веднаш ги “топеше“ во рекордно време и без никој да забележи. Навиките на трпезата собено ги променила за време на втората бременост, која била тешка. Во консултација со нутриционистката Луиз Паркер, ја прифатила диетата “Паркер“.
Според оваа диета, се предвидуваат три главни јадења во денот на база на протеини, здрави масти и јагленохидрати со низок гликемиски индекс. Диетата се прави според личната состојба на оној кој ја применува, според количината на масното ткиво, секојдневните обврски и желбите на клиентот. Со вежбите и исхраната, големо внимание се посветува на доволно здраво спиење и позитивно размислување кое гарантира успех.
“Сонот е важен елемент на методата “Паркер“, како и дигиталната детоксикација за време на ноќта. Тоа значи дека зад вратата на спалната соба се забранети мобилните телефони и други технолошки апарати. Ги поттикнуваме луѓето пред спиење да читаат книга“, открива Луиз Паркер, творец на оваа диета.
Инаку, Британките ја нарекуваат Луиз Паркер – фитнес магионичарка. Нејзината диета ја применуваат и бројни холивудски ѕвезди, а британската глумица Ема Томпсон за шест недели ослабнала два конфекциски броја, односно загубила осум килограми. Актерката во едно интервју изјави дека за тоа е заслужна личниот фитнес-тренер на војвотката од Кембриџ, Луиз Паркер и нејзината метода.

Ова е менито според диетата “Паркер“, која ја следи Кејт Мидлтон.

Појадок – 2 јајца, тенко парче леб од семки од лен, и 2 печени домати. Сок од 1/2 лимон со 1/2 чаша топла вода. Сокот се пие пред омилениот филџан џај или кафе, во кое не смее да се додаде повеќе од 100 мл немасно млеко. Овошните сокови не се дозволени. Во паузата од појадокот до ручекот може да се изеде 1 јаболко или 12 бадеми (доколку сте гладни).

Ручек – Пилешка салата со лист магдонос, коријандер, 3 мали домати, брокула, краставица, 1 главица кромид и варени пилешки гради со додаток на маслиново масло. Мала чинија хумус со грашок.

Вечера – Печени ракчиња или шкампи (100 г) со маслиново масло, лук, црн и црвен пипер и ѓумбир. Може да се јадат со сос од соја и зелен зеленчук.

Четириесет минути дневно треба да се посветите на активности кои ќе ви помогнат да согорувате маснотии. Може да биде брзо одење, велосипед или пливање.

Доколку се придржувате до овој режим две недели, ќе ослабнете 6 до 8 килограми!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.