Експозитурата на НЛБ Банка во скопски Сарај ја ограбиле четири лица вооружени со автоматски пушки и со црни фантомки на глава. Заканувајќи им се со оружјето од вработените побарале да го отворат сефот и откако ги земале парите заминале. Експозитурата е сместена во ТЦ Сарај, а грабежот се случил нешто пред 11 часот. Разбојниците влегле преку главниот влез на трговскиот центар во време кога во него има голема раздвиженост, а избегале со џип “Хјундаи Санта Фе“ со странски регистарски таблички и избегале во правец кон селото Сарај. Од банката потврдија дека се украдени околу 115 илјади евра и дека нема повредени.
Во моментот на случувањата во експозитурата биле присутни вработени и клиенти, при што сите се безбедни и во добра состојба. Во грабежот се украдени околу 115 илјади евра, а со цел побрзо откривање на деталите и разрешување на случајот, НЛБ Банка е во интензивна соработка со надлежните органи.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.