Терористите од кои стравуваше светот признаа дека се готови!

Најмоќната терористичка организација на светот, озогласената Ал Каеда, денес е растргната на делови, а до тоа ја доведе силниот налет на други терористички организации како тие на Исламска држава.Ал Каеда сега е само сенка на некогашната моќна организација, која ја предводеше Осама бин Ладен. Остана без финансиски средства, спонзори и нови регрути бидејќи сите почитувачи на џихадизмот и милитантниот исламизам се свртеа кон многу поактивната Исламска држава, која пред година дена прогласи т.н „калифат“ и освојува нови подрачја на Ирак и во Сирија.
Високопозиционираните членови на Ал Каеда, јорданскиот проповедник Абу Катада и духовниот водач Абу Мухамед ал Магдиши, изјавиле за „Гардијан“ дека нивната група сериозно е погодена од налетот на Исламска држава.
– Ал Каеда повеќе нема организациска структура. Нашиот водач Ајман ал Завахири е отсечен од своите команданти на теренот, а единствено нешто што ја држи групата е каква-таква лојалност – рекол Ал Магдиши.Куатада, пак, изјавил дека ИД ја добива војната против Ал Каеда, и таа на земја, и таа во медиумите, пренесува ИБТ.
Ал Каеда е целосно маргинализирана кога станува збор за глобалниот џихадизам, се согласуваат и аналитичарите. Во тек е војна меѓу Ал Каеда и ИД, а САД се борат да фатат чекор со тектонските нарушувања во глобалното џихадистичко движење.Ал Каеда сега е само сенка на некогашната моќна организација, која ја предводеше Осама бин Ладен. Остана без финансиски средства, спонзори и нови р

Пронајдете не на следниве мрежи: