ОН: Џихадистите ги продаваат киднапираните тинејџерки и за кутија цигари!

Борците од групацијата Исламска држава во Ирак и Сирија ги продаваат киднапираните тинејџерки на пазар за бело робје, понекогаш дури и за една кутија цигари, изјави денеска специјалниот пратеник на Обединетите нации за прашањето за сексуално насилство Заинаб Бангура,пренесе МИА.Таа во април ги посети Ирак и Сирија и оттогаш работи на акциониот план за решавање на проблемот на грозоморното сексуално насилство, кое го спроведуваат џихадистите од ИД.
– Тоа е војна која се води преку телата на жените, рече Бангура, која до податоците за сексуално насилство дошла разговарајќи со жените и девојките, кои побегнале од заробеништвото од подрачјето под контрола на ИД, со локалните власти и политичките лидери и за време на посетата на бегалците во Турција, Либан и Јордан. 
– Тие киднапираат кога ќе заземат некое ново подрачје, за да имаат „свежи залихи“, иако не сакам вака да ги наречам, но тие на таков начин пристапуваат кон нештата, истакна Бангура. 
Заинаб додаде дека џихадистите понекогаш девојките ги продаваат за само една кутија цигари, а понекогаш за повеќе стотици или илјада долари.
Таа ги опишала страшните искуства на неколку киднапирани тинејџерки, од кои повеќето се припаднички на малцинската заедница Јазиди, кои се цел на напад на џихадистите.Таа во април ги посети Ирак и Сирија и оттогаш работи на акциониот план за решавање на проблемот на грозоморното сексуално насилство, кое го спрове

Пронајдете не на следниве мрежи: