Поранешниот македонски премиер Никола Груевски, сега во бегство во Будимпешта, се појави на фотографија на Фејсбук, во друштво на поранешната порно ѕвезда и продуцент на порно филмови Роко Сифреди и згодна бринета, објави унгарската 24.ху. Згодната бринета која се фотографирала со македонскиот експремиер на бизнис забавата во Будимпешта се вика Вивиен Чене, по професија е економистка, но е позната како инфлуенсерка и модел фриленсер.
На нејзиниот Инстаграм профил таа има над 35.000 следачи и постојано објавува професионални фотографии од неа, но и рекламира производи. Покрај со Груевски на забавата може да се забележи дека таа се фотографила и со голем број други гости.