Последните амазонски племиња се загрозени од модерната цивилизација

Последните амазонски племиња кои живеат во изолација, сѐ повеќе се загрозени од зголемените контакти со современиот свет и властите треба да ја преиспитаат својата политика спрема нив, соопштува Франс прес.Според серија на статии објавени во американското научно списание „Сајанс“, цели групи од населението на Абориџините, кои живеат по течението на реката Амазон, би можеле целосно да исчезнат од територијата на Перу и Бразил.
„Ние сме на прагот на големо бришење на културата, бидејќи овие племиња се едни од најранливите во светот“, вели Беатрис Уертас во една од статиите, која е антрополог од Лима.
Вековите на колонизација покажаа колку трагични можат да бидат судирите на различни култури, потсетуваат експертите.
Од доаѓањето на Шпанците во 1492 година, се смета дека од 30 до 50 милиони луѓе од локалното население загинале на американскиот континент, со што се избришале повеќе култури.
Научниците признаваат дека не се свесни што точно се случува со овие изолирани племиња, но непобитен е фактот дека нивните контакти со современиот свет загрижувачки се зголемуваат.
Покрај ризикот од конфронтација, постои и реална опасност од заразни болести, против кои племињата на Абориџините немаат изграден имунитет и тие лесно умираат од нив.
Овие зарази се пренесуваат при контакти со дрвосечачи, новинари, шверцери на дрога и дури со антрополози кои вршат научна дејност. Во Перу, ситуацијата изгледа најдраматична, каде што се распоредени околу 8000 абориџински племиња во џунглата.
Бразил досега има регистрирано 26 изолирани заедници на својата територија, но нивниот наводен број е 80 и повеќе.Според серија на статии објавени во американското научно списание „Сајанс“, цели групи од населението на Абориџините, кои живеат по теч

Пронајдете не на следниве мрежи: