Најмалку 40 загинати во Нигерија при два бомбашки напади!

Најмалку 40 лица загина при два бомбашки напади во североисточниот дел на Нигерија, соопштија нигериските служби за безбедност, пренесе МИА.Во првиот напад на пазар во градот Џимета, загинале најмалку 32 лица.
Според очевидец, нападот бил извршен со бомба поставена на еден трицикл паркиран на пазарот.
Во вториот напад во градот Мајдугури, бомбаш-самоубиец го активирал експлозивот што се наоѓал во неговото возило, пред влезот на локалната воена касарна.
При овој напад загинале осуммина војници кои биле распоредени на контролниот пункт пред касарната.
Досега никој не презеде одговорност за овие два напади, но според нигерсиксите власти тие потсетуваат на терористичките акции што ги презема исламистичката група Боко Харам, која веќе шест години води вооружена борба за создавање исламска држава на северот на Нигерија.
Во шестогидишниот бунт на Боко Харам загинаа околу 13.000 лица,  а над 1,5 милиони беа принудени да ги напуштат своите домови.Во првиот напад на пазар во градот Џимета, загинале најмалку 32 лица.
Според очевидец, нападот бил извршен со бомба поставена на еден трици

Пронајдете не на следниве мрежи: