Новата воена вежба на Русија го исплаши Западот!

„Руската провокативна реторика во нуклеарното оружје, како и драматичната експанзија на летови на нејзините стратешки бомбардери, се длабоко вознемирувачки и опасни“, истакна денеска во Вашингтон генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.Остварувањето на руските планови да ги распоредат ракетите што можат да носат нуклеарни боеви глави, во Калининград, блиску полската граница, како и заканата за разместување на нуклеарно оружје на Крим, суштински ја променија безбедносната рамнотежа во Европа, истакна првиот човек на НАТО.
Тој остро го критикуваше руското однесување во последните година дена, вклучувајќи ја и вооружената интервенција во Украина.
Тој дополни дека летовите на руските стратешки бомбардери се прошириле од Јапонија до Гибралтар, од Крит до Калифорнија и од Балтичкото до Црното Море.
„Кога е во прашање нуклеарната вооруженост, предвидливоста и транспарентноста се од витално значење, а руското „ѕвецкање“ со нуклеарната сабја е неоправдано и делува дестабилизирачки и опасно“, додал тој.
Тој ги искритикува Русите поради воените вежби на голем обем, што претставува кршење на меѓународните договори.
Русија во овој момент изведува таква вежба близу границата на Украина, во која учествуваат 250 авиони. Остварувањето на руските планови да ги распоредат ракетите што можат да носат нуклеарни боеви глави, во Калининград, блиску полската граница, како

Пронајдете не на следниве мрежи: