Џихадист се обидел да намами 15-годишна девојка да дојде во Сирија. Но, не очекувал дека ќе му се случи ОВА!

Британски државјанин кој заминал во Сирија да се бори на страната на терористичката група ИСИЛ, фатен е како се обидува да намами малолетна девојка да му се придружи и да стане негова сопруга.Во морничавиот разговор, под лажното име Абу Антар, на девојката, за која мислел дека има 15 години ѝ дава детални упатства како може да избега од своето семејство и да се упати на опасно патување до Блискиот Исток.
Повеќе од седум дена се обидувал да ја намами да тргне, сѐ додека во еден момент не ѝ рекол „кога ќе те земам, ќе те земам како моја сопруга“. Она што не го знаел е дека девојката со марама на главата е всушност канадска репортерка на тајна мисија.
Истрагата што ја спроведе The Mail on Sunday, покажала дека станува збор за маж од Лондон чие вистинско име е Ахмед Кантер.
Роден во Сомалија, тој дошол во Британија кога имал само шест месеци. Пред да замине во Рака, тој живеел заедно со неговата мајка, сестра и тројцата браќа, а едниот од нив им рекол на новинарите дека Кантер бил сметководител, пренесе Daily Mail.
Во разговорите со фоторепортерката, тој се фалел дека успеал да прокриумчари 20 други џихадисти во Сирија.
Пораките на социјалните мрежи покажуваат дека тој успеал да намами друга муслиманска девојка да дојде во Сирија и се оженил со неа.
Погледнете го видеото:Во морничавиот разговор, под лажното име Абу Антар, на девојката, за која мислел дека има 15 години ѝ дава детални упатства како може да избега од

Пронајдете не на следниве мрежи: