Вчера во близина на валандовското село Грчиште во товарно возило „Мерцедес Атего” со скопски регистарски ознаки биле пронајдени 48 мигранти, од кои 38 лица од Пакистан и десет од Бангладеш.
Кај базата на „Македонија пат”-Гевгелија вчера во 13.30 часот полициски службеници дале знак за запирање на товарното возило управувано од Ж.В.(26) од Скопје. Возилото не застанало и во близина на село Грчиште, Ж.В. го запрел возилото и почнал да бега, но набргу потоа бил пронајден и лишен од слобода. При прегледот во возилото биле пронајдени 48 лица-мигранти, од кои 38 лица од Пакистан и десет од Бангладеш, информираат од МВР.
Ж.В. бил предаден во Полициската станица Гевгелија и по целосно докуменирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.