Морничава игра: Деца се „играле киднапери“, па мачеле, убиле и закопале 6-годишно момче

Група од пет деца на брутален начин убиле 6- годишно момче за време на морничава „игра на киднапери“, јавуваат локалните власти.Според официјалната верзија на случката, која се одиграла во градот Чихуахуа во Мексико, пет деца на старост од 12 и 15 години, го повикале 6 годишниот Кристофер Рејмунд Маркез да им се придружи во играта.
Не насетувајќи што го чека, Кристофер ја прифатил поканата и отишол со нив до потокот во близина каде му соопштиле дека ќе играат киднапирање. Прво му ги врзале рацете и нозете, па почнале да го тепаат со трновита прачка. Потоа го каменувале и угушиле.
Како што се наведува во извештајот едно дете и го проболо со нож кога веќе бил мртов. Телото на Кристофер било пронајдено во неделата, два дена откако исчезнал, во плиток гроб закопано со лицето надолу.
Осомничени се 12-годишно момче, две 13- годишни девојчиња и две 15- годишни момчиња. Тие со рацете го ископале гробот во кој покрај Кристофер фрлиле и мртво животно.
Полицијата, откривајќи ги шокантните околности на убиството, нагласила дека тројца осомничени се премлади за да им се суди.
„За време на играта едно 15- годишно момче им предложило на другите да го убијат Кристофер. Не планирале убиство. Тоа биле „правила“ на нивната игра“, рекол државниот обвинител Алмараз.

Властите го откриле телото на детето откако мајката на едно 15-годишно дете пријавила во полиција дека нејзиниот син учествувал во убиство. Тој и другото 15- годишно момче се соочени со криминални обвинениа додека на останатите не може да им се суди поради годините. Во Мексико минималната старосна граница за криминална одговорност е 14 години. И покрај тоа, сите тие ќе мораат да одат кај социјални работници и психолози на разговори.
Мајката на несреќното момче, која го пријавила исчезнувањето на момчето, раскажала дека убијците на нејзиното дете учествувале во потрагата по него откако исчезнал.
Се што сакам е правда. Доколку правдата не биде задоволена, ќе ја задоволам сама, со сопствени раце. Мајка сум. Барам правда. Како само можат да ги пуштат тие деца? Не му го сториле тоа на куче, туку на дете!“, заклучила мајката на Кристофер.
Убиството на 6- годишниот Кристофер го оставило Мексико во шок. Обвинителите изразиле загриженост околу овој случај кој покажува „распад на социјалните норми“ и „недостаток на вредности“.  Според официјалната верзија на случката, која се одиграла во градот Чихуахуа во Мексико, пет деца на старост од 12 и 15 години, го повикале 6 годиш

Пронајдете не на следниве мрежи: