Започна проектирањето на руската вселенска станица

Рускиот претседател, Владимир Путин, наредил проектирање на нова руска вселенска станица, изјавил заменик премиерот Дмитриј Рогозин.Рогозин наведе дека во текот на неделава ќе го извести рускиот претседател за плановите за развој на космонаутиката, пренесува ТАСС.
Претходно беше објавено дека работата на постоечката Меѓународна вселенска станица може да се продолжи до 2024 година. Во 2017 година, се очекува дека рускиот дел ќе биде дополнет со мултифункционални лабораториски модел, јазол и научно-енергетски модул.
Руската страна не ја исклучува можноста дека новите модули би можеле да бидат одвоени од постоечката станица, бидејќи ќе биде формирана национална орбитална станица по 2024 година.
Нацртот на Федералната вселенска програма за 2016-2025 година, наведува дека во 2025 година, станицата би можела да биде дополнета со уште два модули – еден енергетски и еден со променливи намени.
Руската федерална вселенска агенција „Роскосмос“, исто така наведе дека Москва е подготвена да предложи изградба на заедничка орбитална станица со останатите членови на БРИКС (Бразил, Индија, Кина и Јужна Африка).Рогозин наведе дека во текот на неделава ќе го извести рускиот претседател за плановите за развој на космонаутиката, пренесува ТАСС.
Претхо

Пронајдете не на следниве мрежи: