Најтажната невеста: приморале тинејџерка да се омажи за 30 години постар шеф на полиција

Венчавката е најсреќниот ден во животот на секоја девојка, но не и за тинејџерката Кеда Гоилаије (17) која на брак ја приморал чеченскиот шеф на полиција Назхуд Гучигов кој е скоро три пати постар од нејзе (47). наместо насмевка на денот на свадбата, таа била најтажна.Кеда била облечена во бел раскошен фустан, но ништо не можело да ја избрише тагата. Била толку натажена, што заплакала и за време на церемонијата, а матичарот три пати ја прашал дали се согласува на брак пред да одговори „да“.

За време на венчавката, таа стоела наколку чекори подалеку од својот иден сопруг.
Како што пренесуваат светските медиуми, Кеда била приморана на венчавка со закана дека ќе ја киднапираат, како и дека ќе следат „непријатни последици“ доколку таа или нејзините родители се противат на бракот.

Кеда дури нема да му биде единствена сопруга на Гучигов, со оглед на тоа што тој веќе има сопруга.
„Никогаш не би дозволила мојата ќерка вака да се омажи. Јас сум против вакви бракови“, изјавила една жена.Кеда била облечена во бел раскошен фустан, но ништо не можело да ја избрише тагата. Била толку натажена, што заплакала и за време на церемонијата,

Пронајдете не на следниве мрежи: