ГЕРМАНСКИТЕ МЕДИУМИ ЗА КУМАНОВО: Цел Запад би бил на нозе ако беа убиени 8 полицајци во Берлин!

Замислете во Берлин или Париз да беа убиени 8 полицајци, во борба со терористи кои не се со германско или француско потекло? Целиот западен свет би бил на нозе, пишуваат меѓу другото весниците во Германија, пренесува „Дојче веле“.„Македонски хаос“, ја именувал „Зидојче Цајтунг“ статијата во која е изнесена тезата дека случувањата во Куманово биле исценирани.
Терористите имале цел да нападнат државни институции, трговски центри и спортски манифестации.
„Поранешниот шеф на разузнавачките служби, Горан Митевски, рекол дека звучи нелогично што тешко вооружена група успеала да остане незабележана од страна на власта. Поранешниот генерал Илија Николовски, верува дека наводните терористи се всушност платеници. Амбасадорите на Германија, САД, ЕУ, Велика Британија, Франција и Италија, по состанокот со премиерот и лидерот на опозицијата, во ниеден момент не споменале тероризам, туку зборувале само за `трагедија`“, пишува „Зидојче Цајтунг“.

Во текстот на „Тагезајтунг“ пишува: „Историјата нѐ научи дека ништо добро не може да настане од состојба на масовна невработеност, незалечени воени рани, меѓусебни обвинувања, безнадежност и очај. Народите на Балканот се навикнаа на потчинетост, но свеста за тоа дека социјалната и економската ситуација нема да се подобри, се шири брзо – а со самото тоа и нетрпението. Довербата во ЕУ исчезнува, а познатиот образец за одржување на моќта им е при рака на сите регионални лидери и оние кои сакаат тоа да бидат: за своето страдање ќе обвинат друга нација, своите редови ќе ги консолидираат со националистички потези“.
Сите знаат: „Дури и доколку не сакате да предизвикате големи судири, играњето на оган на игралиште со општа фрустрација, лесно се претора во пекол“.„Македонски хаос“, ја именувал „Зидојче Цајтунг“ статијата во која е изнесена тезата дека случувањата во Куманово биле исце

Пронајдете не на следниве мрежи: