На оваа рајска дестинација Меси ужива во апсолутна приватност, вилата се наоѓа на приватен остров и фудбалерот е недостапен, затоа што до него може да се стигне исклучиво со брод.
Познатиот Аргентинец на одморот го посети неговиот пријател и соиграч од Барселона – Луис Суарез. Заедно со семејствата уживаат и ги полнат батериите за предизвиците кои им претстојат. Сепак, на одморот му се ближи крајот, па тие наскоро ќе им се придружат на своите соиграчи на подготовките.