Путин почувствувал на своја кожа што е глад и немаштија

„Искрено кажано, татко ми воопшто не сакаше да зборува на таа тема. Но, јас бев присутен кога возрасните зборуваа и сите информации за војната и за тоа што се случуваше со семејството ги дознав од тие разговори“, напишал Путин во колумната за весникот „Руски пионер“.Во колумната објаснил како неговите родители со некое чудо ја преживеале Втората светска војна.
„Татко ми, ми раскажуваше како го раниле. Тој и уште еден негов пријател тргнале во помала акција во германската позадина. Дошле до германски бункер, но оттаму излегол силен маж. Не можеле ни да мрднат, затоа што биле на мета на митралез, а германскиот војник извлекол гранати и ги фрлил кон нив“, напишал рускиот претседател.
Неговиот татко тогаш бил многу тешко ранет, а целиот живот го поминал со шрапнели во ногата, кои никогаш не биле извадени.
„Ногата го болеше, а стапалото му беше неподвижно. Ситните шрапнели лекарите не ги чепкаа, за да не напукнат коските. Фала му на Бог, татко ми не ја изгуби ногата, затоа што за него се грижеше добар лекар“, напишал Путин.
Додека татко му војувал, неговиот постар брат го однеле од мајка му во Детски дом, а подоцна го евакуирале. Брат му таму се разболел од дифтерија и починал за време на блокадата на Ленинград, денешен Санкт Петербург.
„Кога му дозволија да се движи, татко ми застана на патерици и се врати дома. Кога пристигна, виде дека болничарите изнесуваат мртви тела од влезот, а меѓу нив и мајка ми. Тој ѝ се приближи и му се причини дека таа дише.
Им рекол на болничарите дека уште е жива, но тие му одговориле дека подоцна ќе испушти душа и дека нема да преживее.
Неговиот татко тогаш ги приморал болничарите да ја вратат мајка му назад во станот.
Болничарите му рекоа дека ќе направат како што сака, но го предупредија дека нема да дојдат повторно, барем две до четири недели и дека, ако неговата сопруга умре, ќе мора сам да се снаоѓа. Но, тој успеа да ја крене на нозе и мајка ми остана жива. И живееше до 1999 година. А татко ми почина кон крајот на 1998 година“, раскажува Путин.
Тој додал дека неговата мајка му раскажувала како го посетувала татко му во болница каде што лежел после ранувањето.
„Имаа мало дете од три години. Глад, блокада… Татко ми ѝ ги даваше своите болнички оброци, скришно од лекарите и медицинските сестри. Таа ги криеше, ги носеше дома и го ранеше детето. Тогаш, тој во болницата почна да губи свест од глад и лекарите и сестрите сфатија што се случува и повеќе не ја пуштаа да доаѓа во посета“, напишал Путин.Во колумната објаснил како неговите родители со некое чудо ја преживеале Втората светска војна.
„Татко ми, ми раскажуваше како го ран

Пронајдете не на следниве мрежи: