Непалската полиција пронајде уште 50 тела на луѓе кои настрадаа во земјотресот

Полицијата во Непал пронајде тела на околу 50 лица, меѓу кои и странски алпинисти, во зоната која беше погодена од лавини по катастрофалниот земјотрес, соопштија денеска властите во Катманду, пренесе МИА.- Ниту едно од телата засега не е идентификувано, изјави заменик началникот на полицијата во округот Расува, Правин Покхарел, кој ја предводи екипата.
Тој објасни дека телата се извадени вчера, една недела по земјотресот, и дека не можело да се стигне до зоната поради дождот и лошите временски услови. 
Најмалку уште 200 лица се водат како исчезнати во овој реон, вклучувајќи планинари и локални жители, а официјално над 80 странци се наоѓаат меѓу нив.
– Имаме информации дека 82 странски државјани од различни земји се водат како исчезнати, изјави портпарол на непалското МВР.
Се очекува денеска во Непал да пристигнат американски воени авиони и персонал, со цел да помогнат при доставување на помош до загрозените реони надвор од главниот град Катманду. Бригадниот генерал Пол Кенеди истакна дека контингентот вклучува 100 војници, транспортна техника, четири авиони и два хеликоптера.- Ниту едно од телата засега не е идентификувано, изјави заменик началникот на полицијата во округот Расува, Правин Покхарел, кој ја предводи екипа

Пронајдете не на следниве мрежи: