Во Македонија времето денес претпладне ќе биде сончево со мала облачност. Во пладневните часови претежно во планинските региони ќе има зголемена облачност со нестабилност проследена со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер, кој ќе биде најизразен на југот од земјата. Минималните температури ќе се движат од 14 до 21, а дневните од 30 до 38 степени Целзиусови. УВ индексот ќе изнесува 8.
И во Скопје и околината претпладне претежно сончево и топло, со умерен до повремено засилен јужен ветер. Попладне ќе има услови за појава на краткотрајна нестабилност со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе изнесува 19, а максималната ќе се искачи до 35 степени.
Во наредниот период времето ќе се задржи топло и претежно сончево во претпладневните часови. Во попладневните часови ќе има услови за појава на краткотраен пороен дожд, локално само понекаде проследен со грмежи. Малку посвежо времето ќе биде во понеделник.