ЅВЕРСТВА: Барале секс од гладни и бездомни деца, а за возврат им нуделе…

Француските војници сексуално искористувале гладни момчиња без дом во Централноафриканската Република. Имено, тие им нуделе храна и пари за сексуални услуги, се наведува во доверливиот извештај на ОН, на кој укажала невладината организација „Свет без сида“.Пола Донован, кодиректор на организацијата, изјавила за Си-Ен-Ен дека во извештајот се наоѓаат детални сведоштва на шест деца со кои минатата година разговарале претставници на УНИЦЕФ и УНХЦР.
„Постојат неколку случаи кадешто момче опишува случај на содомија врз неговиот другар, која ја вршат војниците, заканувајќи му се со тепање доколку некому му каже што направиле“, вели Донован.
Француските војници во Централноафриканската Република се распоредени како мировни сили.
Според сведоштвата, злоставувањето се случило над повеќе од десетина деца во кампот за бегалци на меѓународниот аеродром „М`Поко“ во Бангуј, главниот град на оваа земја, помеѓу декември 2013. и јуни 2014. година.
Овие обвинувања не го оставија рамнодушен ниту францускиот претседател Франсоа Оланд, кој ветил дека ќе реагира доколку тврдењата се покажат како точни.
„Ќе бидам немилосрден ако се покаже дека војниците се однесувале лошо кон децата. Ако овие информации се покажат како точни, ќе следат казни кои ќе соодветствуваат на сторените дела“, изјавил Оланд за францсуките медиуми.Пола Донован, кодиректор на организацијата, изјавила за Си-Ен-Ен дека во извештајот се наоѓаат детални сведоштва на шест деца со кои минатата годин

Пронајдете не на следниве мрежи: